Вкупно 4 лица се повикани на разговор во полициска станица во врска со инцидентите на протестите организирани од СДСМ и СОРОС, јавува Прес 24.
Како што дознава порталот од официјални полициски извори, лицата се повикани на разговор за настанот од 13.04.2016 поради оштетување на канцеларијата на Претседателот и Министерството за правда. Според информациите станува збор за лицата З.С. (40) и В.К. (39). По разговорот со нив ќе биде поднесено Известување до Основното јавно обвинителство како дополнување на кривичната пријава.
Медиумите на СДСМ и СОРОС веќе објавија дека еден од приведените е Здравко Савески од Левица. На фотографијата може да се забележи токму Савески со запалка во рацете пред канцеларијата на Претседателот Иванов на скопски Рекорд.
Press24 дознава дека е утврден идентитетот и на уште две лица од протестите на 16.04.2016 како ја оштетувале Порта Македонија. Станува збор за лицата А.Г (22) и С.С.К. (31).
Доставена е информацијата до СВР Скопје, од нивна страна е извршена консултација со Обвинител, а по утврдување на изворот на фотографиите ќе се преземат мерки за поднесување соодветен поднесок до ОЈО.
Утрово медиумите под контрола на СОРОС и СДСМ објавија информација дека за дел од лицата е побарана мерка притвор. Од Кривичниот суд за Press24 велат дека до овој момент, до нив не е пристигнато ниту едно барање за притвор ниту пак било кое од лицата е доведено на распит пред Судија на претходна постапка.
Дел од повиканите лица може да се видат и на ова видео како ја демолираат канцеларијата на Претсдателот.