Четворица Палестинци убиени на Западниот брег

Четворица Палестинци се убиени од израелските безбедносни сили во два одвоени инциденти на Западниот брег (на реката Јордан), кој меѓународната заедница го смета за окупирана палестинска територија од страна на Израел во текот на ткн Шестдневна војна од 1967 година, што е најновиот во повеќемесечната низа смртоносни судири меѓу двете страни во палестинската енклава.

Двајца браќа се убиени во близина на градот Рамала, во кој е седиштето на Палестинската самоуправа. Третата жртва го загубила животот во текот на судир со израелските сили биле застрелана во главата во градот Беит Имари близу градот Хеброн, соопшти палестинското министерство за здравство.

Подоцна во вторникот израелската војска објави дека нејзина припадничка е ранета во напад кај населбата Кочав Јааков крај Рамала. Осомничениот палестински напаѓач го застрелала полицијата и подоцна лекар во ерусалимска болница било потврдено дека е мртов. Во видеоснимка објавена на социјалните мрежи се гледа дека автомобил свртува на крстосница и забрзува кон жена војник која оди по тротоар.

Израелската војска се пресметува со милитантните палестински групации и демонстрантите на целата територија на Западниот брег, , по низата смртоносни напади кои претходно годинава во повеќе градови во Израел ги изведоа исламистичките палестински радикали.

Минатата седмица идниот израелски премиер Бенјамин Нетанјаху го предложи крајниот десничар Итамар Бен-Гвир за министер за безбедност со овластувања над полицијата на Западниот брег според коалицискиот договор кој се подготвува за формирање на новата влада.

Судирите во вторникот започнале кога две израелски воени возила запреле пред населбата Беит Умар во текот, како што наведува војската, на рутински активности. Војниците отвориле оган кога од страна на група демонстранти било стрелано кон нив, по фрлањето камења и запалливи предмети, соопшти војската.

Инцидентот во друго место близу Рамала, се чини бил идентичен: војниците кои пукале на демонстранти кои фрлале кон нив камења и запалливи бомби.

Стотици Палестинци се собрале пред болница во Рамала за да им дадат почест на семејството на двајцата браќа, и двајцата во раните дваесетти години. „Тоа се моите деца“, изјавил таткото додека ги гушкал мртвите синови, пренесува Reuters.

Висок палестински функционер Хусеин ал-Шеик на Twitter убиството на браќата го нарече „ладнокрвно погубување“.

Палестинското министерство за здравство соопшти дека годинава се убиени 205 Палестинци, вклучително и загинатите во текот на краткиот судир во Појасот Газа во август.

Според податоците на израелската војска, пред крвопролевањето во вторникот, бројот на убиените Палестинци досега годинава изнесувал 136, вклучително и цивили и припадници на милитантните групации. Истовремено, 23 цивили и осум припадници на израелските безбедносни сили се убиени во Израел и на Западниот брег.