Четворица повредени синоќа во несреќа кај Стража

Четири лица се повредени, од кои едно потешко, во сообраќајна несреќа која во понеделникот вечерта се случила пред превојот Стража, соопшти министерството за внатрешни работи.

Незгодата се случила околу 20,30 часот кога било пријавено дека на патот Кичево – Гостивар, во правец на превој Стража дека се судриле автомобил „сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 74-годишниот Ј.К. од Скопје и патничко моторно возило „пежо 406“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 58-годишниот А.И. од Тетово.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил А.И., а со телесни повреди се здобил Ј.К. и двајца сопатници од возилото “пежо“ А.М. и Т.Б., констатирани во Медицинскиот Центар Кичево, се наведува во полицискиот билтен.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Кичево.