Во саботата утрото околу 6,10 часот во СВР Битола било пријавено дека на магистралниот пат Битола-Прилеп, кај селото Алинци, автобус со албанска национална ознака излетал од патот.
Во незгодата возачот на автобусот Л.М.(48) од Република Албанија се здобил со тешки телесни повреди, додека тројца патници М.Х.(46), Г.М.(37) и 14-годишник, сите од Албанија, се здобиле со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола.