
Охридската полиција во неделата привела четворица млади мажи од тетовското село Пирок, откако при проверка на нивното возило е пронајдено извесно количество наркотици.
Според извештајот на СВР Охрид, приведени се Х.Ќ.(26), Љ.А.(23), М.П.(23) и С.У.(23), сите од тетовското село Пирок. При контрола на возило „ауди“ во кое се превезувале, извршена на булеварот „Македонски просветители“ во Охрид, пронајдена е кеса со кокаин и марихуана. По целосно документирање на случајот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.