Четворица загинати во експлозија во ресторан во Кина

Четири лица загинале а уште 16 други се ранети во експлозија на гас во ресторан во кинеската покраина Лаонин, пренесува во саботата весникот Beijing Youth Daily.

Инцидентот се случил во петокот во вечерните часови по локално време во приградието Бејпјао. Според првичните сознанија, експлозијата се случила како резултат на истекување на течен гас. Состојбата на тројца од повредените се оценува како сериозна, а другите повредени се надвор од животна опасност, се наведува во извештајот.

На местото на несреќата и во саботата работеле полициски и владини службеници во рамките на отворената истрага