Четврти пораз во серија на Кавалирс, Сиксерс и Санс со половичен ефект

Кошаркарите на Индијана Пејсерс ја остварија третата последователна победа во новата сезона во НБА лигата со која го запоседнаа врвот на својата Централ конференција совладувајќи ги на гостувањетпо актуелните вицешампиони Кливленд Кавалирс со 124:107.

Пејсерс победата ја осигураа со серијата 18:6 во последните пет минути од натпреварот, а главни улоги во тоа имаа Тадеуш Јанг со 26 кошови, Дарен Колисон со 25 поени и 8 астистенции, како и Виктор Оладипо со 23 погодоци. Кај Кавалирс, на коишто ова им е четврти пораз во низа, најдобар беше Леброн Џејмс со 33 поени и 11 асистенции, но немаше поддршка од соиграчите.

Индијана сега има скор на победи и порази од 5-3 и го дели првото место во дивизијата Централ со Детроит Пистонс, додека Кливленд падна на скорот 3-5 и во моментов е дури 13-та екипа во Источната конференција.

Филаделфија 76-ерс на својот паркет ја надиграа оваа сезона лошата Атланта Хоукс со 119:109 и така стасаа до педесетпроцентниот скор 4-4, што е првпат по четири години да немаа негативен ефект на стартот од сезоната. Кај домашните одлични беа Џоел Имбиид со 21 поен и 12 скокови, и Бен Сајмонс со 18 кошови, 12 скокови и 9 асистенции. Кај Атланта се истакна Денис Шредер со 25 поени.

До педесетпроцентен ефект од 4-4 стасаа и Феникс Санс благодарејќи на победата од 122:116 на гостувањето кај Вашингтон Визардс. Натпревар на кариерата одигра Ти Џеј Ворен кој постигна 40 кошови за победниците со одличен процент на реализација од игра од 16-22., додека кај домашните, исто така, постигна 40 поени Бредли Бил.

Орландо Меџик продолжи со одличните резултати и во Мемфис каде ги совлада домашните Гризлис со 101:99. Клична се покажа „тројката“ на Аарон Гордон со коашто Меџил поведоа со 100.99 на 51 секунда пред крајот, по што двете екипи направија многу грешки, па гостите успеаја да извлечат победа. Гордон постигна 19 поени за Меџик, а Еван Фурние 22 поени. Кај Гризлис Тиреки Ивенс влезе од клупата но постигна 32 кошови, додека Марк Гасол заврши на 22 поени.

Орландо со скорот 6-2 го дели првото место во Источната конференција и во целата лига со Бостон Селтикс, додека Мемфис падна на скорот 5-3.

Бостон ја оствари шестата последователна победа по двата стартни пораза, совладувајќи го во својата сала Сакраменто Кингс со 113:86. Кајри Ирвинг и Џејлен Браун ги предводеа домашните со по 22 поени, додека Бади Хилд со 17 кошови беше најефикасен кај гостите.