Во четвртфиналето од германскиот фудбалски куп четвртолигашот Саарбрикен приреди изненадување и на свој терен го елиминираше прволигашот Форуна од Диселдорд со 7:6 по подоброто изведување пенали.
Саарбрикен поведе во 31 минута со голот на Тобијас Јаник и до 90 минута ја имаше победата в раце, но тогаш по корнер Матијас Јоргенсен израмни на 1:1. Мечот отиде во продолженијата, но немаше промена на резултатот, па за победникот решавше пенал-рулетот, во кој поуспешни беа домашните играчи.
Во вториот четвртфинален дуел во вторникот минхенски Баерн на гости го совлада минимално Шалке, а единствениот гол постигна Џошуа Кимих во 40 минута.
Во среда се среќаваат Баер Леверкузен – Унион Берлин и Ајнтрахт Франкфурт – Вердер.