Францускиот фудбалски четвртолигаш Версај се пласираше во четвртфиналето на националниот куп откако во осминафиналето во саботата го совладаат со 1:0 домашниот второлигаш Тулуз.
Аматерите од предградието на Париз во последните осум екипи го одведe Капитфабан Джоко во 79 минута. Домашните во 21 минута останаа со играч помалки кога беше исклучен Стеве Мвуе, а кај гостите „поцрвене“ во судиското продолжение Мелвин Виера.
Четвртфинале избори и Амјен кој во судирот на второлигашите како гостин бепе пуспешен од Нанси со 2:0. Стрелци беа Арно Лусамба во 15 и Толу Арокадаре во 38 минута.
Во петокот за четвртфиналето се избори Нант кој на свој терен со 2:0 го совлада Брес, а двата гола ги постигна Лудовик Бла во 25 и 53 минута.
Во сабота уште играат Ремс – Бастија и Марсеј – Монпелје, а во недала Бержерак – Сен-Етјен и Ленс – Монако, а во понеделник ПСЖ – Ница.