Чифлиганец во минатото беше претседател на Бучим Јака, клуб кој во 1996 година стана европски и светски првак во борење, а доаѓа на претседателското место како наследник на Чедо Николовски, кој доби благодарност за досегашната работа и од МОК. Од Агенцијата за млади и спорт дадоа подршка на ФБСМ, укажувајќи дека треба да се отстранат одредени недостатоци.
Со изборот на Чифлиганец, се разрешува кризата поради која на Македонија и се закануваше суспензија за СП во Лас Вегас, каде борачите ќе бркаат олимписки визи за ЛОИ идната година во Рио де Жанеиро. Репрезентацијата на СП ќе ја води селекторот Љуљзим Вренези, како и лице што ќе го овласти претседателот Чифлиганец.
Во УО избрани се Васил Коцев-Балканец, Бетим Вренези -Лирија, Александар Поцев-Бучим, Назми Али-Тефејуз, Јордан Димитров-Спартак, Јане Мелов-Неготино, Методи Сичков-бизнисмен, Николајчо Николов- бизнисмен. Потпретседатели на ФБСМ се Трајче Димков, Могамед Ибрагимов и Бетим Вренези, а Насе Насев ќе биде спортски директор, на кого дополнително ќе му биде дефинирана улогата.