-Адора инженеринг ниту ќе биде пречка, ниту ќе биде алиби за (не)производство на топлинска енергија во Скопје- изјави Чифлиганец во емисијата Студио 10.
-Во оваа држава може да се напише докторат за невладеење на правото и она што постојано го констатираат во своите извештаи Европската Унија и Стејт департментот. Странските инвеститори кои ја заобиколуваат нашата земја поради правната несигурност, сега се гледа и преку домашната инвестиција на Адора инженеринг во Топланите Исток и Запад, рече тој.
Водителот Мишко Иванов изненадено констатира и праша, како е можно тоа што сте го платиле, да не можете да го добиете во владение, во меѓувреме, веќе 12 месеци некој друг бесправно да го користи, а вие ги плаќате ратите за кредитот. Дали можеби станува збор за злосторничко здружување меѓу институциите на дражавата, бидејќи прво БЕГ, а сега и државата сакаат бесправно да стопанисуваат со Топланите.
„Овде не владее правото, сопственоста е нешто свето. Работите треба со разговор, со дебата да се решаваат. Јас сум пријател, инвеститор кој ја сака оваа држава. Ова е домашна, македонска инвестиција. Не мора државата да ги употребува членот 33 од Законот за управување со кризи, или членот 6 од Законот за енергетика, повикувам на разумни разговори. Ако сум изброил речиси 10 милиони евра, сакам адекватно без финансиска корист, да си ги наплатиме побарувањата и да се договориме со надлежните институции“, изјави Чифлиганец, генералниот директор на Адора инженеринг во Студио 10 на 24 вести.
Тој пред јавноста истакна дека Адора инженеринг нема да дозволи да биде ниту пречка, ниту алиби да не се произведува топлинска енергија во градот Скопје.„На институциите, на граѓаните, на Скопјани, на метрополата на нашата земја Македонија, им порачувам дека ниту Ванчо Чифлиганец, ниту Адора инженеринг, ниту вработените, ниту моето семејство, нема да бидеме пречка или алиби за да нема топлинска енергија. И така немаме владение врз Топланите Исток и Запад, нека функционираат и нека работат. А, јас ќе преживеам и ќе се борам понатаму, кога ќе помине кризата, веројатно ќе покренам и некои други активности, со цел во Македонија да се менуваат состојбите на подобро, а не кон полошо“, изјави Чифлиганец. Тој додаде дека како бизнисмен се залага за владеење на принципот на еднаквост, на рамноправност, на владеење на правото.
Чифлиганец истакна дека поради нефункционирање на системот, на одредени институции и поединци, имотот на топланите е обезвреднет за 1,5 милиони евра. За амортизација секоја година од граѓаните се наплаќа по 600.000 евра, а од тоа само 10 отсто се инвестира, кај се тие пари“, праша Чифлиганец.
„И некој после на мене ќе покажува со прст дека условувам, напротив мене ме условуваат со невладеење на правото. Го бараме она што ни следува. Регулаторната комисија треба да каже колку се тие средства и кој треба да ги исплати. БЕГ велат дека немаат пари и сметките им се празни. Технички, БЕГ веќе не постои во бизнис релациите. Долгот треба да го подмири државата преку која било државна надлежна институција, а Адора ќе ги отстапи топланите на управување на државата со подмирување на закупнината за имотот“, вели Чифлиганец.
Тој потенцира дека правниот тим на компанијата од 03.11. 2021 година, значи речиси една година, се обидува и води голгота со институциите. А тоа значи дека од ноември лани БЕГ бесправно ги користи Топланите Исток и Запад. Поднесени се над 100 барања и поднесоци до сите надлежни институции. Околу 25 дописи имаме поднесено до БЕГ за перземање на Топланите, исто толку и до стечајниот управник, до Регулаторната комисија за енергетика, до ЕСМ, до Владата, до надлежните министерства, но без резултат. Чифлиганец посочи дека бизнисмените сакаат да работат во Македонија, но под услови на рамноправност и фер односи во државата, без фаворизирање поради политички интереси.
„Јас се согласувам дури и само да ми се покријат финансиските загуби и ќе им ги предадам топланите на оние кои бесправно ги користат“, вели Чифлиганец.
Тој вели дека поради тие долгови за првпат во 45 години кариера ќе мора да потпише негативна годишна сметка. Чифлиганец се надева оти топланите функционираат, бидејќи како што кажа тој воопшто не влегол таму и додава дека купиле „магла и ветер“. И покрај сето тоа Адора е спремна да направи купопродажен договор и да го продаде имотот за 8,8 милиони евра од кои 7 се отплата на преостанатиот кредит, објаснува Чифлиганец.
Чифиганец вели дека топланите се платени со 9,26 милиони евра и се купени на најтранспарентен начин на јавна лицитација. За мотивот за влегување во оваа инвестиција Чифлиганец вели дека дека е логичен след на растот на компанијата Адора која имаше 500 вработени, вредни инженери, техничари, архитекти, проектанти, пред се вредни работници. Сега е останати само 27 вработени во компанијата. „Кога дојдоа некои локални шерифи за градоначалници, на Адора ѝ беше оневозмоено да гради. Измислуваа мораториуми кои важеа за Адора и други компании. По сеопфатна анализа, направена од експерти се решивме да влеземе во регулираниот бизнис со топлинска енергија. Нашата мотивација беше да инвестираме во нови современи постројки, да добијат граѓаните подобра услуга и поволни цени. Сакавме да го имплементирам системот МОЛТЕН СОЛТ, што значи тоа инвестиција во фотоволтаици со кои се загрева солта, а солта ќе ја греа водата. Значи целосно нов, современ, еколошки начин на затоплување. Тоа значи целосно независен систем од енергенси како што е гасот, мазутот, нафтата. Сакавме сите 100 вработени во Топланите, врвни професионалци. Ние влеговме во топланите Исток и Запад за да и унапредиме, вели Чифлиганец.
Зошто тоа не се случи, поради тоа што 12 месеци, плативме, имаме сопственост над топланите, но не се во наше владение. За платените пари треба да се добие наведената сопственост или да се вратат парите, но ништо од тоа во изминатите 12 месеци не се случи, вели Чифлиганец.
Стечајниот управник си зеде награда од 150.000 евра, но ние владение немаме, значи тој не си ја заврши работата. Министерството за правда треба да ја преиспита оваа ситуација за понатаму да не се случуваат вакви работи.
Чифлиганец на крајот од интервјуто рече дека доколку некој не се согласува со изнесените ставови во интервјуто, повика на јавна дебата со него или со претставници на менаџментот на компанијата кои се одговорни за оваа инвестиција.