Чии интереси штитат македонските политичари? Дали е на повидок подршка на санстефанскиот големобугарски сон?

Сведоци сме дека пред три дена Бугарија го прослави нивниот национален празник трети март. Тоа е Сан Стефано познат како правна фикција или неостварен големо бугарски сон. На прославата говореа преседателот на Бугарското собрание Минчев и премиерот Петков. Тие упатија јасна порака дека сон на секој Бугарин е обединување на сите бугарски земји во кои живеат Бугари, се разбира со Македонија и Македонците во неа, но како Бугари. Јавно прашуваме ШТО Е ОВА АКО НЕ ОТВОРЕНИ ТЕРИТОРИЈАЛНИ ПРЕТЕНЗИИ? Почекавме три дена, но жално и срамно нема никаква реакција и протестна нота од македонските политичари. За Бујар и Талат не не чуди, тие работат на други агенди. Бујар дури како министер од името на РМ им го честиташе на Бугарите Сан Стефано, големо бугарскиот асимилаторски сон. Поголемо понижување здравје. Сето ова ни мириса на воскреснување на договорот од времето на втората светска војна  меѓу Бугарија и Албанија за поделба на Македонија.              Јавно го прашуваме претседателот и премиерот:

1.Дали ова значи подршка на големо бугарските асимилаторски соништа?

2.Дали ова значи Ваша спремност да се измокрите на македонските црвени линии утврдени со Декларација во Македонскиот парламент и да потпишете нов договор со Бугарија заснован на португалскиот погубен предлог? Според кој Бугарите треба да изјават дека не признаваат Македонци и македонски јазик пред 1945 година, а ние да изјавиме дека сме го кодифицирале јазикот во 1945 година.

3.Дали сте свесни дека со потпишување на таков договор ќе ставите крст на македонскиот идентитет и јазик?                                                                               4.

Дали ова значи ваше прифаќање на се поизвесната федерализација и поделба на Македонија на албански и бугарски дел? Македонскиот народ никогаш нема да прифати вакво нешто. Затоа од Вас бараме  веднаш да го раскинете погубниот

Договор за добрососедство и да ги прекинете преговорите со Бугарија се додека тие го негираат исконскиот и наследен македонски идентитет и јазик, како и се додека не го укинат асимилаторскиот, со територијални претензии празник САН СТЕФАНО.

Преговорите да продолжат дури откако ЕУ обезбеди рамноправни преговори без уцени, со стриктно почитување на меѓународното право. При тоа на ЕУ и Бугарија јасно да им се стави до знаење дека македонскиот идентитет и јазик немаат цена и не можат да бидат замена за почеток на пристапни преговори со ЕУ.

МАКЕДОНСКИ МАНИФЕСТ