Чилеанката Бачелет веројатно нова комесарка на ОН за човекови права

Поранешната чилеанска претседателка Вероника Мишел Бачелет (Башеле) Херија, би требало да биде именувана за нова комесарка за човекови права на Обединетите нации, изјавиле дипломатски извори.

Заменичката на генералниот секретар на ОН, Амина мохамед, ова им го кажала на група амбасадори во вторникот, изјавиле неименувани дипломатски извори, пренесува агенцијата DPA.

Одлуката се уште не е официјално објавена. Именувањето мора да го потврди Генералното собрание на ОН. Досегашниот висок претставник за човекови права, Зеид Ра’ад ал-Хусеин заминува од должноста на 31-ви август.

Бачалет беше првата чилеанска претседателка во историјата, и доби два мандата – пд 2006 до 2010-та и од 2014 до 2018 година. Беше и ивршна директорка на агенцијата Жени на ОН од 2010 до 2013 година.