Чилиманов: Избори по терк на Заев значат загрозување на здравјето на граѓаните

По сите параметри, број на новозаболени, број на починати од корона вирусот ние имаме најлоши резултати. А се тоа е резултат на пропустите на власта. И кога сеуште не се смирува ситуацијата нелогично е да се зборува за избори, рече новинарот Цветин Чилиманов на гостувањето во емисијата „Заспиј ако можеш“ на телевизија Алфа.

Оттука, укажа тој, многу е тешко да се организираат избори.

-Има три илјади гласачки места на кои треба да поминат милион и двесте илјади гласачи или гласаат околу милион граѓани сигурно. Има триесет илјади од администрацијата кои се ангажирани на денот на изборите. Тоа е голема концентрација на лица на самиот ден на избори, рече Чилиманов.

Според него иако владата говори дека ситуацијата се стабилизира не е така.

-Очигледно не се стабилизира ситуацијата, иако власта говори дека се стабилизира. Но, контрадикторни се од една страна се стабилизира, од друга бараат полициски час кој ќе почне во сабота во 19.00 до вторник наутро, рече Чилиманов.