Чилиманов: Со новиот закон за недискриминација ќе се легализира брак на истополови двојки

Тоа што ќе се случи наскоро врз основа на новодонесениот закон за антидискриминација е дека ќе имаме брачна двојка во Македонија, истополова двојка ќе отиде во матично ќе се обиде да се регистрира, ќе биде одбиена, ќе однесат тужба врз основа на законот против институцијата, против матичната, рече во денешната емисија „Отворено на Алфа“ гостуваше Цветин Чилиманов при што говореше за законот за недискриминација.

И ќе се обидат на таков начин, не преку нормалната процедура одење во Собрание, изгласување на законот за семејство, појасни Чилиманов. Според него, редифинирање на законот ќе се случи преку незадоволство на истополовите двојки кои преку новодонесениот закон ќе ги тужат институциите за дискриминација со помош на членови од новата Комисија која е полна со левоориентирани активисти од невладини организации кои со години земале грантови на вакви теми.

„Комично е да говориме дека некаква атмосфера се подобрува во Македонија. Напротив одиме дебело во полициска држава, во репресија по сите основи. А, дали во меѓувреме некоја интересна група која што марширала во шарената револуција па сега е актуелна и има проодност во владејачката коалиција и од тоа да добие некои маргинални поени добра е за нив, но навистина мислам дека се фокусираме на едно дрво додека целата шума ни гори“, појасни Чилиманов.

Рече дека нашето досегашно искуство со борбата со дискриминација најдобро се гледа во Охридскиот Рамковен договор тој беше позитивен пример за дискриминација, нели имаме јавна администрација во којашто не се пропоционално вработени одреден број на Албанци и други малцинства кои што се надоврзуваат на тоа.