Кинеската народна банка соопшти дека нејзините виртуелни пари може да се каже дека се завршени, што значи дека наскоро би можело да се најдат во оптек.
Кинеската дигитална пара ChinaCoin нема да биде класична криптовалута, бидејќи е развиена од кинеската национална банка со поддршка на комерцијални кинески банки, па не функционира како биткоинот и сличните валути.
ChinaCoin, кинеската криптовалута наскоро може да се најде во промет. Кинеската народна банка соопшти дека нејзината виртуелна валута може да се каже е довршена, што значи дека може да се пушти во оптек.
Кинеските дигитални пари нема да бидат класична криптовалута, бидејќи ги разви Народната банка на Кина заедно со комерцијалните банки и нема да функционира како биткоинот.
Сѐ уште не се познати детали за кинеската дигитална валута.
Според она што досега е соопштено дигиталната валута треба да ја замени готовината во оптек, но не и орочените депозити што би создало кредитна сопсобност и би влијаело на монетарната политика. Дигиталната валута исто така би ја поддржала циркулацијата и интернационализацијата на јуанот.
Кинеската централна банка работи пет години на проектот – дигитална валута.