Наввачките групи „Чкембари“ и „Комити“ дивееле за време на натпреварот меѓу „Вардар“ и „Пелистер“. Навивачите кршеле врати и палеле пиротехнички средства на трибини.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи во арената „Филип Втори Македонски“ за време на вчерашниот фудбалски натпревар помеѓу екипите на ФК „Пелистер“ од Битола и ФК „Вардар“ од Скопје, дошло до нарушување на јавниот ред и мир од страна на навивачката група „Чкембари“, кои со употреба на сила ги искршиле вратите на тоалетите. А навивачите и на „Чкембари“ и на „Комити“ запалиле пиротехнички средства.
По завршување на натпреварот околу 18,30 часот по претходна пријава за нарушен ЈРМ со тепачка помеѓу група на лица на “Кеј Димитар Влахов” затекнат е 19-годипниот Д.С. од Скопје и против него е поднесена соодветна пријава. Додека на булевар “11 Октомври” во автобус на ЈСП бр. 24 затекнати се лицата Т.Т.(18) и Х.Г.(16) двајцата од Скопје, кои го прекршиле јавниот ред и мир.