Државите членки на Европската унија ја одложија одлуката за барањето на Обединетото Кралство за одложување на рокот до кој земјата треба да ја напушти Унијата предвиден за 31-ви октомври, објави во петокот Европската комисија, бидејќи немало согластон колку долго би трабало да боде тоа одложување, пренесуваат агенциите.
„ЕУ27 се согласива во поглед на принципот за одложување и сега ќе продолжи со работа во следните денови“, изјавила портпаролката на Европската комисија, Мина Андреева по состанокот на амбасодорите на 27-те земји членки (COREPER), пренесува германската новинска агенција DPA.
Во моментов не постојат планови за вонреден самит на Европската унија, додала Андреева.
Француската агенција AFP дознава од европски извори дека одлуката е одложена за почетокот на следната седмица. Новиот состанок на COREPER ќе се одржи во понеделник или вторник, за да се финализира одлуката.
Некои земји, како Ирска на пример, го поддржуваат одложувањето на брегзитот до 31-ви октомври, а други како што е Франција бараат Британците да ги разјаснат своите намери пред да биде донесена одлуката.
Британскиот премиер Борис Џонсон беше принуден да поднесе барање за тримесечно одложување на брегзитот под притосок на законот кој го излгаса парламентот кој до 19-ти октомври не го потврди договорот за раздружувањето кој го договори со Брисел.
Ратификацијата на овој договор е привремено прекината во вторникот, бидејќи британските пратеници одбија да ја прифатат законската рамка за неговата примена да ја разгледаат и усвојат по забрзана процедура во рок од три дена, иако начелно ги прифатија договорот и го испратија во второ читање.
Џонсон во четвртокот побара на 12-ти декември да се одржат предвремени парламентарни избори, за да биде надминат сегашниот застој. Долниот дом на британскиот парламент за тоа ќе гласа во понеделник.