![пукање 1](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/04/pukanje-1.jpg?resize=640%2C356&ssl=1)
Н. Ајети и Б. Ајети вчеравечер околу 20 часот биле изрешетани со огнено оружје во скопската населба Чаир.
Во овој напад тие биле тешко ранети, а потоа биле однесени во градската болница. Едниот од нив е со повреди во абдоменот, а вториот во карлицата.
Полициски извори за НетПрес информираат дека двајцата се припадници на арачиновската криминална група. Информациите од градската болница велат декa еден од нив е во животна опасност, а другиот е во критична состојба, бидејќи имаат прострелни рани.