Неколку членови на анархистичката група „Рувиконас“, вчера упаднаа во објектот во кој е сместена резиденцијата на амбасадорот на Бразил во Грција, фрлија флаери и си заминаа, а нема информации за приведени лица, jави дописничката на МИА од Атина.
„Владата на Бразил е одговорна за катастрофата на Амазонија“, пишуваше на флаерите кои ги фрлија, а преку познат анархистички сајт, членовите на „Рувиконас“, во опширен текст ја презедоа одговорноста за упадот и објавија кусо видео.