Состојки
1 шолја за кафе брашно
2 шолји за кафе шеќер
4 лаж. какао
2 лаж. сода бикрабона
2 шолји за кафе јогурт
пола шолја за кафе масло
14 лаж. шеќер
14 лаж. млеко
100 гр. маргарина
200-300 гр.чоколада
Упатство за употреба
Брашното, шеќерот, какаото и содата ставете ги во сад и измешајте ги рачно. Додадете ги јогуртот и маслото и добро измешајте. Испечете во подмачкан и со брашно посипан плех.
Глазура
Во тенџере ставете шеќер, млеко, маргарин истопете ги па додадее чоколада и варете додека не се истопи и не проврие. Потоа прелијте преку млакото тесто. Кога ќе се олади служете со сладодолед од лешник и чоколада.
Состојки
масло
пола главица кромид
2-3 чешниња лук
пола лаж, црвен пипер
200 гр. свинско за гулаш
2-3 средни компири
2 средни моркови
200 гр. смрзнат грашок
200 гр. смрзната боранија
1 коцка говедска супа
1 лаж доматно пире
1 домат
сол, црн пипер,
Вегета
Подготовка:
Кромидот и лукот исечкајте ги ситно и динстајте ги на масло, додадете ги црвениот пипер и потоа додадете го месото. Добро измешајте и малку издинстајте за да го пушти сокот.
Додадете ги компирот и морковот исечкани на коцки, измешајте и динстајте. Мешајќи додадете лажица вегета, сол, залијте со вино и нека испари малку. Потоа мешајте.
Кога сосот ќе се згусне, додадете ги доматното пире и доматот. Потоа налијте со вода за се убаво да биде покриено. Додадете ја коцката говедска супа, поклопете и варете 15-на минути.
Замрзнатиот грашок и боранија извадете ги од кесичката и исплакнете ги. Кога компирот е полусварен, додадете ги грашокот и боранијата. Во садот додадете вода по потреба за се да биде покриено.
Готово е кога се ќе биде сварено и ќе се создаде убав густ сос.