Работници пронашле човечки коски во амбасадата на Ватикан во Италија, за кои се претпоставува дека припаѓаат на Емануела Орланди, 15 годишна ќерка на вработен во Ватикан.
Италијанските медиуми објавија дека експертите за судска медицина се обидуваат да се утврди дали тоа се остатоци од девојчето кое исчезна во 1983 година.
Од Ватикан информираат дека коските биле откриени за време на реконструкцијата на Амбасадата на Светата столица во близина на галеријата Боргезе во Рим.
Истрагата ја води главниот обвинител Џузепе Пигнатоне.
Исчезнувањето на Емануела Орланди е една од најголемите мистерии на современата италијанска историја. Таа беше киднапирана на 22 јуни 1983 година, откако го напушти семејниот дом во Ватикан и замина на час по музичка уметност во Рим. Нејзиниот татко бил вработен во Светата Столица.
Нејзиното исчезнување првично беше поврзувано со можен обид на непознати лица да бараат ослободување на Турчинот Мехмет Али Агџа, атентаторот врз папата Иван Павле Втори во 1981 година, а кој во тоа време издржувал доживотна затворска казна во во Италија.
Во 2005 година, анонимен јавувач се јави во телевизиска емисија и рече дека тајната за киднапирањето на Орланди била погребан заедно со Енрико „Ренатино“ Де Педисо, мафијаш кој некогаш бил на чело на озлогласената банда Маглиана која го тероризирала Рим во осумдесеттите години на минатиот век.
Полицијата го отвори гробот на мафијашот во 2012 година, но во ковчегот беа само коските на Де Педисо, кој беше убиен во 1990 година во мафијашка пресметка.