Чудесна победа на Сан Антонио над Феникс Санс, Клиперс се загреа за дербито со Лејкерс (ВИДЕО)

Кошаркарите на Сан Антонио Спарс остварија чудесна победа над Феникс Санс од 115:104 во еден од трите натпревари кои се одиграа во НБА лигата.

Тимот од Тексас имаше негатива и од 20 разлика во пресметката со „сонцата“, ама не се откажуваше, се бореше, меѓутоа и покрај сите обиде изгледаше дека Феникс ќе ја оправда улогата на фаворит со оглед на тоа што во завршните 10 секунди влезе со предност од 114:111.

Меѓутоа играчите на Спарс имаа поинакво размислување, па така прво Вембањама направи офанзивен скок и намали на 114:113 за да потоа момците на Попович одиграат пресинг низ целиот терен, го притиснат Дурент кој ја загуби топката или поточно Џонсон му ја украде и даде кош за 115:114. Потоа Дурент не го погоди последниот шут, па противничкиот тим можеше да почне да ја слави големата победа.

https://twitter.com/TheAthletic/status/1719574628035682502?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1719574628035682502%7Ctwgr%5E1e8a73fdb22aa2afc3b589a17ece7b55f0b700b1%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fderbi.mk%2Fchudesna-pobeda-na-san-antonio-klipers-se-zagrea-za-derbito-so-lejkers-video%2F

Џонсон со 27 поени беше прв стрелец, Васел и Вембањама уфрлија по 18 кошеви. Кај Феникс комплетната стартна петорка беше двоцифрена, ама тоа не беше доволно за поволен резултат.

ЛА Клиперс пак го суреди Орландо Меџик со 118:102 и на најдобар начин го најави дербито со градскиот ривал Лејкерс. Лидер беше Џорџ со 27 поени на кои придодаде 7 скока и 7 асистенции.

На третиот меч Њујорк Никс го надигра Кливленд Кавалирс со 109:91.