![наќе чулев](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/02/na-e-chulev.jpg?resize=696%2C391&ssl=1)
Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев денеска повтори дека во наредниот период Министерсвото ќе објави информации за отворените истраги во кои се инволвирани и носители на јавни функции, за кои веќе се добиени информации дека се можни сторители на кривични дела.
– Во однос на истрагите кои ги најавив сакав да кажам дека изминатиот период како МВР, покрај концентрацијата што значи спроведување на мерките и одлуките на владата за заштита на здравјето на граѓаните, МВР не ја изгуби од увид и откривачката функција, односно активностите во областа на откривање на сторители на кривични дела посебно во областа на организиран криминал и корупцијата, па и во овој дел. Во наредниот пеирод ќе објавуваме информации и за одредени ноосители на јавни функции за кои имаме веќе добиени информации, а кои се можни сторители на кривични дела – рече Чулев на денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање.
Тој уверува дека МВР изминатиот период било целосно ангажирано и во откривање кривични дела и во борба против организиран криминал и корупција, а имале и сериозни предизвици кои во наредниот период, како што вели, ќе се мултиплицираат, а тоа е спречување на илегалната миграција.
МИА