Дарко Чулринов го потврди својот квалитет на ЕУРО и покажа дека го залужи повикот да настапи на континеталниот шампионат.
Фудбалерот на Штутгарт, потенцираше дека ова беше многу посебен натпревар, со емоции поради нашиот Горан Пандев.
„Ова беше посебен натпревар, Горан Пандев се пензионира, а ќе имаме и нов селектор.Верувам во оваа репрезентација, иако ќе бидеме без Пандев, мислам дека имаме добри шанси да се пласираме и на Светско првенство“ – изјави Чурлинов.