Исламската држава има меѓу 20 илјади и 31.500 екстремистички борци во Ирак и Сирија, соопшти американската Централна известувачка служба (ЦИА), потенцирајќи дека нивниот број порано изнесувал 10 илјади.
„ЦИА врз основа на новите безбедносни извештаи од мај до август проценува дека Исламската држава (ИС) сега брои меѓу 20 илјади и 31. 500 борци низ Ирак и Сирија,“ соопшти портпаролот на оваа известувачка служба Рајан Трапани, а пренесува АП.
Овие нови бројки покажуваат дека до зголемување на ангажираните милитанти дошло од јуни и дека нивната зголемена мобилизација коинцидира со воените „успеси“ на џихадистите и прогласените калифати, наведува ЦИА.