ЦИА му испраќа засилување на Бејли

И бидејќи се уверивме дека така не може, сега ќе се потиме малку повеќе. И право е така да платиме за грешките од комоција. Значи, прво ќе чистиме генерално и со сите средства 24/7, па ќе одиме на референдум за уставотворно собрание за да ги очистиме гангстерските рамковни и пржински пиздарии за да направиме самоодржлива држава со сите нишани, со стопан и со ефикасна одбрана и заштита. Па ќе организираме нормален попис, па ќе формираме нормални партии, па на нормални политички избори ќе избереме победник…

Америка и Британија како ороводци и нивните ЕУ-партнери во сите осум години на специјалниот американски „император“ Барак Обама Миротворецот започнаа и водат точно 35 војни, воени конфликти и шарени револуции на сите континенти. Тоа е факт. Пред да почне асиметрична, хибридна или војна на далечинско со дронови, ботови, радикални исламисти или неофашисти, па НВО-активисти и секаква останата локална дресирана и мобилизирана моронерија, оваа фашистичка групировка подготвува локален терен со субверзии. Субверзивците се цијашки агенти напикани во канцелариите на Стејт департменот, кој Доналд Трамп реши прв да го исчисти темелно. Тоа е одлична вест за човештвото. Го нарече баруштина која треба да се исуши. Бидејќи уште не е, кај нас во Македонија од неодамна како помошнички на Џес Бејли се дојдени две „госпоѓи“.

Шенон Мартинез ни ја праќа ОТИ (оддел за субверзии во Стејт департментот, а од ЦИА) и активирана е кај нас вторпат. Првпат беше овде од 2001 до 2003 година. Одлично говори македонски јазик. Тогаш беше во тесна соработка со СДСМ, а дејствуваше во Kочани како тим-лидер на проекти за калемење сливи и обука на „револуционери“ по повик. Втората е Фелп Филипс и ни доаѓа од УСАИД, во која службува 16 години како специјалист за јазици и дијалекти. Женава е „тешкаш“ меѓу агентите на ЦИА за субверзивни дејства. Го работела теренот во Авганистан, Ирак, Пакистан, а во Македонија ни доаѓа од Либија. Неодамна „случајно“ ме пресретнаа, и тоа пред банкомат, две од нејзините помошнички кои ме израдуваа со податокот дека ќе останеле овде цела 2017 година.

Што ви говори тоа? Ништо што не знаеме.

Македонскиот терен не го поседуваат. Македонскиот народ не е глупав и не следи никого беспоговорно и слепо. Тој и таков „материјал“ е ризик-фактор во секој интервенционистички потфат. На ЦИА и’ гори под нозете. Четириесет и петтиот претседател на САД тукушто и’ објави војна велејќи дека нивните извештаи нема ни да ги чита, ни да ги рецка. Нема време и мора да игра на се’ или ништо. Е, сега, затоа што не’ чека голема чистка или како што велат домаќинките, генералка, ред е да ги знаеме процедурите.

Kако прво, мора да се ослободиме од некредибилните операции на наметнати избори со сила, кои јас ги сметам некредибилни зашто ги организира и ги спроведе некредибилен амеро-европски фактор со помош на платеничка моронска војска. Време е ние да почнеме да дејствуваме на секој начин, секаде, постојано, а конспиративно оти сме веќе во илегала. Бидејќи изборната и постизборната фингерајка по реални резултати е жива нула, значи теренот останал доминантно патриотски, македонски, дечките ќе ни пуштаат искусни субверзивци за да го препарираат. За ова ЦИА уште од времето на Kисинџер и Никсон ја користи стратегијата на кинескиот воен стратег Сун Цу. Се работи за принципи на субверзивните дејства од пред 2.500 години (кинеско наследство од континуитетот) или 500 години пред Христовото раѓање, а ги гледаме денес во пракса, особено јасно ние во Македонија во последните четири години со почнувањето на кампањата за „Скопје 2014“ и „антиквизацијата“.

Еве што вели:

1. Покриј ги сите вредности и важни традиции на противникот со потсмев и исмевање;

2. Инсинуирај дека лидерите на таа земја се вплеткани во криминал и во право време, претстави го тоа на населението како божемен доказ за населението да се сврти против нив;

3. Попречувај ја работата на владата по секое прашање и на секој начин;

4. Не скратувај им помош на најдолните, најодвратните индивидуи (шљам) во земјата на непријателот;

5. Шири неединство меѓу населението;

6. Сврти ги младите против старите;

6. Биди дарежлив во ветувањата на колаборационистите и контракторите.

И сега опулете се околу вас, видете што се’ се случи на планетата последниве десетина години, па ќе ја видите модерната западна верзија на источната мудрост за субверзии по која воено и секако беа кутнати толку многу држави, вклучително и фамозната ЕУ, во која практично речиси и да нема автентичен политички избор.

Цијашки ова изгледа вака:

1. Kорумпирај ги водачите;

2. Направи ги отуѓени од народот и вештачки;

3. Подели ги луѓето ширејќи преку медиумската пропаганда контроверзни теми;

4. Уништи им ја верата во институциите и авторитетите;

5. Нека се замајуваат со глупости;

6. Нека не веруваат во ништо, па ни во своите политичари;

7. Зголемувај го незадоволството со секакви приказни.

И на крајот, зборувај за демократија, правда и правичност, а зграби ја моќта брзо и безмилосно. Фантастично, нели? Е, па, нека ни е бериќетна 2017 година и од сега памет во глава и верба само во себе.

Мирка Велиновска за Дневник