Сите протоколи од избирачките секции на предвремените парламентарни избори во Бугарија веќе се обработени, соопшти Централната изборна комисија во Софија.
Според резултатите, како што јави дописникот на МИА од Софија, партијата „Има таков народ“ освои 24,08 проценти од гласовите, ГЕРБ-УДФ – 23,51 отсто, БСП – 13,39 отсто, „Демократска Бугарија“ – 12,64 отсто, Движење за права и слободи (ДПС) – 10,71 отсто, коалицијата „Исправи се! Мафијата надвор!“ – 5,01 проценти.
На гласањето во странство, најмногу гласови освои партијата „Има таков народ“ – со 35,64 проценти, следува „Демократска Бугарија“ со 18,64 отсто и ДПС – со 17,49 проценти.
Централната изборна комисија се очекува денеска или најдоцна утре да објави распределба на местата во 46-то Национално собрание на Бугарија. (МИА)