Циклонот Идаи во Мозамбик усмрти над 200 луѓе

Повеќе од 200 луѓе ги загубиле животите во налетот на циклонот Идаи кој минатата седмица ги разори Мозамбик, рече во вторникот претседателот Фелипе Ниуси кој прогласи тридневна жалост.

„Според инфорамциите кои пристигнуваат од теренот, веќе има повеќе од 200 жртви“, рече Ниуси по седницата на владата во регионот Беир кој е разорен од невремето. Според претходните податоци, таму биле регистрирани 84 смртно настрадани.

Се стравува дека вкупниот број настрадани во циклонот кој го разори централниот дел на Мозамбик би можел да надмине 1.000, предупреди претседателот Ниуси во понеделникот.

Претседателот рекол дека околу 350.000 лица се наоѓаат во поплавените подрачја. „Ситуацијата е крајно тешка“, оценил и додал дека владата од 20-ти март прогласува тридневна жалост.

Уништени се 23.000 домови, 30 здравствени установи и десетици училишта, наведуваат властите на Мозамбик. Спасувачките екипи во вторникот се натпреваруваа со времето за да спасат илјадници луѓе кои се засолниле на покривит од куќите и на дрвјата по разорната стихија на југот од африканскиот континент, каде што браните може да попуштат под притисок на врнежите кои не престануваат.