Tранзитни летови од унгарскиот главен град Будимпешта биле откажани синоќа поради невремето во Европа, соопштиле надлежните од Меѓународниот аеродром „Ференц Лист“ во престолнината на Унгарија.
Според објавената информација, откажани биле 11 летови поради циклонот Кјара што моментно минува низ западна и централна Европа. На патниците им било советувано да контактираат со авиокомпаниите со кои летаат, пренесуваат унгарските медиуми.