![cipras](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/03/cipras3.jpg?resize=527%2C350&ssl=1)
Премиерот на Грција Алексис Ципрас изјави дека Атина и кредиторите пронашле заедничка почетна точка во преговорите, но Владата нема да отстапи од своите „црвени линии“ како што е одбивање за намалување на платите и пензиите, пренесува МИА.
Ципрас синоќа рече дека двете страни се договориле за фискалните цели и ДДВ, но не се согласуваат за прашањата кои се однесуваат на вработените и пензиските реформи.
Премиерот на Грција додаде дека договорот треба да содржи и низок примарен буџетски суфицит за 2015/2016 година и реструктуирање на долгот.
– Од ова место сакам да го уверам грчкиот народ дека нема шанси грчката Влада да попушти за прашањата за пензиите и правата на вработените, изјави Ципрас на прес конференција.