CNN: Над 100 кинески полициски станици во странство, некои и на Балканот

foto HINA/ Tomislav PAVLEK /tp

Пекинг воспоставил повеќе од сто таканаречени задгранични полициски станица ширум светот, вклучително и на Балканот, за да ги следи, вознемирува и во некои случаи враќа во земјата кинеските државјани кои живеат во егзил, се тврди во прилогот од неделата на американската телевизиска мрежа CNN.

Притоа, како што се наведува во прилогот објавен на електринското издание на CNN, Кина ги користи билатералните безбедносни договори склучени со земјите во Европа и Африка за да добие широка меѓународна присутност.

Групата за човекови права Safeguard Defenders, чиешто седиште е во Мадрид, вели дека нашла наводни докази дека Кина управува со дополнителни 48 полициски станици во странство, откако истата група првпат во септември објави дека открила постоење на 54 такви станици.

Новиот извештај на групата под наслов „Патролирај и убеди“ се фокусира на димензиите на мрежата и ја истражува улогата којашто ја одиграле заедничките полициски иницијативи меѓу Кина и неколку европски земји, меѓу кои Италија, Хрватска, Србија и Романија, во ширењето на мрежата на кинеските прекуокеански полициски станици.

Меѓу новите тврдења коишто ги изнесува Safeguard Defenders е дека кинески државјанин бил натеран на враќање во татковината од операциите кои работеле на тајна задача во кинеска задгранична полициска станица во предградие на Париз, искличително регрутирани за таа цел, покрај претходното откритие дека уште двајца Кинези прислилно биле вратени во земјата од Европа, едниот од Србија а другиот од Шпанија.

Кина склучи договори за заеднички полициски патроли со Србија и Хрватска меѓу 2018 и 2019 година, како дел од своето сѐ поголемо стратешко влијание на нацијата, како што е зацртано во надворешнополитичките приоритети на Кина, пишува CNN.

Кинески полицајци се забележани во заедничка патрола со хрватските колеги на улицата на Загреб во јули годинава. Функционер на загрепската полиција со којашто разговарала кинеската новинска агенција Xinhua изјавил дека патролите се клучни за „заштита и привлекување на странските туристи“.

Во извештајот на агенцијата Reuters до 2019 година се наведува дека кинески полицајци им се приклучиле на српските полицајци во патроли низ Белград за да помогнат во решавањето на приливот на кинески туристи и работници. Српски полициски службеник тогаш изјавил дека кинеските полицајци немале овластувања да апсат.

Споменатата група Safeguard Defenders, којашто ги истражува јавно достапните официјални кинески документи барајќи докази за кршење на човeковите права, наведува дека идентификувала четири различни полициски јурисдикции на кинеското Министерство за јавна безбедност кои се активни во најмалку 53 земји, и ги опфаќаат сите четири страни на светот, со образложение дека им пружаат помош на иселениците од Кина со нивните потреби во странство. Невладината организација тврди дека во Италија има 11 такви кинески полициски станици, вклучително и оние во Венеција и во Прато, во близина на Фиренца.

Пекинг негира дека има непријавени полициски станици надвор од територијата на Кина, а кинеското Министерство за надворешни работи за CCN во ноември одговори „Се надеваме дека релевенатните страни ќе престанат да претеруваат за да создадат тензии. Користењето на ова како изговор за валкање на Кина е неприфатливо“.

Кина тврди дека споменатите објекти се административни центри, се воспоставени за да им помогнат на кинеските иселеници во нивните потреби, како на пример продолжување на нивните возачки дозволи или лични документи. Пекинг, исто така, вели дека тие канцеларии се одговор на пандемијата на Covid-19, поради што многу кинески граѓани останале во срански земји и не можеле да ги обноват личните документи. Кинеското Министерство за надворешни работи соопшти дека во задграничките канцеларии работат волонетри, но во меѓувреме произлезе дека во некои случаи работат луѓе вработени со повеќегодишни договори.

Непријавените конзуларни активности надвор од официјалните дипломатски мисии на некоја земја се многу невообичаени и незаконски, освен доколку државата домаќин не дала своја изрична согласност, наведува CNN. Во приголот се истакнува и дека алузиите дека постои широка репресија над кинеските граѓани во странство доаѓа во клучен момент кога Кина се справува со протестите во големите градови поради заморот на жителите од строгата рестриктивна политика во борбата против Covid-19.