Централниот одбор на СДСМ вечерва донесе одлука претседателот на партијата и премиер Зоран Заев да ги одложи двете оставки на неодредено време, соопштија од СДСМ.
-Беше отворена плодна и демократска дискусија, во која членовите на Централниот одбор имајќи го предвид моментумот во кој се наоѓа Македонија му препорача и едногласно донесе одлука претседателот и премиерот да ја одложи оставката на неодредено време. Државата после многу години режим се гради на вистински демократски и слободарски вредности со приницпи на соживот. СДСМ се исправува на висина на таа задача и ќе работи во интерес на граѓаните, велат од СДСМ.