
Францускиот тенисер Жо-Вилфред Цонга го освои Мастерсот во Торонто, откако во финалето го совлада Рожер Федерер со 7-5, 7-6.
Двајцата тенисери во првиот сет играа доста стабилно, па на брејк се чекаше до 12. гем, кога Цонга успеа да му земе сервис на Федерер за водство од 1-0 во сетови.
И во вториот сет главно оружје на двајцата ривали беше сервисот, a во тај-брејкот Цонга славеше со 7-3.
До втората титула во Мастерс серијата 1000, Цонга стигна откако претходно ги елиминира Новак Ѓоковиќ, Енди Мареј и Григор Димитров.