Црн биланс: нови жртви и зарази од коронавирусот во САД и Италија, рекорд во Британија

Нови починати и заразени со новиот тип коронавирус бележат во вторникот Италија, САД и Велика Британија, каде што коронавирусот во еден ден покоси 381 лице, што е рекорден биланс кој го одразува забрзувањето на ширењето на пандемијата којашто во оваа земја досега оденсе вкупно 1.789 човечки животи.

Бројот на починатите Британци од понеделникот попладнето двојно е поголем отколку 24 часа претходно кога имаше 180 починати. Во оваа бројка се забележани само оние кои биле позитивни на коронавирусот и починале во болниците, па оттаму вистинскиот број жртви би можело да биде и многу поголем.

Според британските здравствени власти, починатите пациенти во последното деноноќие имале меѓу 19 и 98 години. Бројот службено регистрирани случаи на Covid-19 изнесува 25.250, што е зголемување за повеќе од 3.000 пациенти.

Починати Италијанци во последните 24 часа има 837, или вкупно од избунувањето на пандемијата на коронавирусот вкупно 12.428 починати, соопшти во вторникот италијанската Агенција за цивилна заштита.

Бројот на новозаразените бележи благ раст, но и натаму е многу помал од пред само неколку дена. Во последните 24 часа забележани се 4.053 случаи, речиси непроменета бројка во однос на понеделникот кога имаше 4.050 новозаразени. Во текот на викендот оваа бројка се движеше меѓу 5.200 и 5.900 новозаразени. Вкупно во земјата се заразени 105.000 луѓе.

Силен е падот на смртните случаи во најпогодената северна покраина Ломпардија, која трет ден со ред бележи пад и на новозаразените, што е потенцијален показател дека ситуацијата таму се подобрува побрзо отколу во другите делови на земјата.

Во Италија до вторникот оздравеле вкупно 15,729 луѓе, а на одделите за интензивна нега во момнетов се наоѓаат 4.023 пациенти.

Бројот на заразените во американската сојузна држава Њујорк од понеделникто се зголемил за повеќе од 9.000, на вкупно 75.795 лица. Бројот на починатите е поголем за дури 27 отсто и изнесува веќе 1.500, објави гувернерот на државата Ендрју Коумо во вторникот.

„Вирусот е посилен и поопасен отколку што очекувавме. И натаму се качуваме по ридот, а главната битка е на врвот на планината“, истакан Куомо.

Севкупно, САД во вторникот ја надминаа и Кина, каде што беше пријавена првата зараза од Covid-19, според бројот на починатите, покажуваат податоците на американкиот Универзитет „Џонс Хопкинс“.

Според овие податоци, кои доаѓаат од сумираните статистички извештаи на федералните и локалните валсти, во САД има во моментов 3.415 починати од коронавирусот, а во Кина оваа бројка изнесува 3.309 луѓе.

На прво мето во светот според бројот на починатие е Италија со над 12.400 лица, а следи Шпанија со повеќе од 8.200 жртви.