![koronavirus crna gora](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/04/koronavirus-crna-gora.jpg?resize=696%2C464&ssl=1)
Црногорскиот институт за јавно здравје објави во неделата вечерта дека засега нема докази за поврзаност на вакцината против коронавирусот на „AstraZeneca“ со смртта на 80-годишен пациент кој починал откако во саботата ја примил вакцината.
Здравствените власти нема да ја запрат кампањата на вакцинирање на населението додека, како што соопштија, не биде докажана јасна поврзаност меѓу цакцината и смрта на 80-годишникот за кој е наведено дека имал и други хронични болести.
„Не препуштајќи ништо на случајот и сверс, совесно и транспарентно извшувајќи ја својата работа, Комисијата за анализа на несаканите случаи по вакцинирање на Институтот за јавно здравје, се испитува можната поврзаност на смртниот исход на пациент стар 80 години со бројните здравствени ризици и продолжените болести кои можеле да резултираар со наглата и ненадејна смрт, со вчерашното вакцинирање со AstraZeneca“, се наведува во соопштението.
Се истакнува, исто така, дека здравствените власти на Црна Гора побарале ексхумација и обдукција на починатиот пациент поради дефинитивното утврдување на непосредната причина за смртта.
Како што е соопштено, сметаат дека имунизацијата треба да продолжи имајќи ги предвид сите во моментов достапни податоци, како и фактот дека запирањето на кампањата на имунизација би носело потенцијално поголем ризик по здравјето на невакцинираните поради можното заболување од Covid-19.
Се потсетува дека Европската агенција на лекови (ЕМА) на 18-ти март објави дека вакцината на „AstraZeneca“ е безбедна и ефикасна, како и дека кон средината на март Светската здравствена организација (СЗО – WHO), исто така, објави дека до тој ден немали докази дека здравствените инциденти се поврзани со вакцината на англо-шведскиот производител.
Во Црна Гора во неделата се потврдени нови 297 сличаи на зараза со коронавирусот, и уште два смртни исходи во последните 24 часа. Од почетокот на епидемијата во земјата во март 2020 година регистрирани се вкупно 92.519 коронаинфекции од кои 1.305 завршиле со смртен исход, а во моментов активни се 5.616 случаи, според Институтот за јавно здравје.