Репрезентациите на Србија и на Црна Гора го завршија настапот на Европското првенство во ракомет во Данска, уште по групната фаза. Тие во последниот натпревар од групната фаза беа поразени од Франција, односно Белорусија.
Откако Полска славеше со два гола (24:22) против Русија на првиот дуел во Групата Ц, на Србите им беше потребно бод за да одат понатаму, но беа поразени од Франција со 31:28 по што Полска и Русија се селекциите кои се пласираа во следната рунда. Французите по триумфот над Србија во втората рунда од натпреварите пренесуваат четири бода.
Хрватска од Групата Д пренесува исто така четири бода во Топ 12 фазата откако славеше над Шведска со 25:24 Белорусија е, пак, последниот патник во втората фаза откако вја совладаа Црна Гора со 29:23 во директниот дуел за третата позиција во Групата Д.
ГРУПА 2
ТАБЕЛА
1. Хрватска 4
2. Франција 4
3. Шведска 2
4. Полска 2
5. Белорусија 0
6. Русија 0