
Министерството за одбрана во Црна Гора објави повик за продажба на половни и непотребни објекти, опрема и нивните резервни делови, чија вкупна вредност изнесува 596.210 евра.
На продажба е ставена и јахтата „Јадранка“, некогашното пловило на поранешниот претседател на поранешна Република Југославија, Јосип Броз Тито, чија вредност е проценета на 80.000 евра.
Црногорското министерство за одбрана продава и бродски мотори, чија вкупна вредност изнесува 36.100 евра, како и резервни делови за дизел мотори за 77.492 евра.
Сите пловни објекти, опрема и резервни делови, како и работничка опрема, се продаваат без вооружување и воена опрема, стои во соопштението објавено на сајтот на тамошното министерство.
За купување на половни објекти, опрема и резервни делови од пловни возила, можат да конкурираат сите заинтересирани физички и правни лица.