Црна Гора: Учебната година да почне на 5 септември

Министерството за образование на Црна Гора предлага новата учебна година да започне на 5 септември 2022 година, со првиот работен ден од седмицата.

„Верувам дека тие дополнителни денови ќе придонесат за подобра подготовка за новите училишни обврски, од една страна, а од друга – за продолжување на распустот, т.е. да продолжи успешната туристичка сезона во нашата земја“, изјави ресорниот министер Миомир Војновиќ.

Традиционално наставата во Црна Гора почнува на 1 септември, што оваа година паѓа во четврток.