Црна Гора уште без заболени од коронавирусот, но го затвора меѓународниот патнички сообраќај

Црногорската влада одлучи во понеделникот вечерта да го приекине меѓународниот патнички сообраќај и да безбеди враќање во татковината на сите граѓани кои се нашле во странство.

Се затвора воздушниот, патниот и железнички патнички сообраќај, сооппшти владата и ја презема обврската во земјата на сите црногорски државјани кои е затекнати во странство, со тоа што тие по враќањето ќе мора да минат во карантин најмалку две седмици.

Станува збор за дел од острите мерки на властите во Подгорица кои се спроведуваат од петокот за земјата да остане единствената европка земја во којашто сѐ уште нема регистрирано случај на зараза со коронавирусот.

Владата од неделата вечерта го забрани работењето на сите угостителски објекти и трговски центри, и го ограничи бројот на купувачите кои може истовремено да се најдат во големите продавници на 50, а во малите продавници е дозволено еден купувач на 10 квадратни метри.

Ваквите одлуки создадоа редици долги и од неколку десетици метри пред вратите на продавнциите и ги испразни улиците на црногорските градови. Долги редови има и пред аптеките, особено откако е објавен информацијата дека Србија го запре извозот на лекови на 30 дена.

Црногорскиот министер за здравство Кенан Храповиќ, по средбата о претставнциите на веледрогериите, коипшто покрај државната компанија „Монтефарм3, го снабдуваат црногорскиот пазар со лекови и медицински средства, порача дека резервите се задоволителни.

Истовремено, полицијата привела сопственик на кафуле во Подгорица кој во понеделникот за гости го отворил својот објект прекршувајќи ја привремената мерка за спречување на пренесувањето на коронавирусот. Тој покрај прекршоцната прјава им е предаден на надлежните органи на натамошнмо постапување, соопшти црногороската полиција.

Властите во петокот одлучија да ги затворат сите воспитно-образовни установи во земјата на две седмици и да ги забранат сите јавни собирања. Сите вработени се повикани доколку можат работата да ја вршат од дома, а на работодавачите им е наложено на родителите кои имаа деца помлади од 11 години да им дадат платено отсуство.

Преку медиумите и социјалните мрежи започна кампањата „Седи дома“, во која познати личности ги повикуваат граѓаните без потреба да не излегуваат од своите домови.

Исламската заедница во Црна Гора ги откажа заедничките молитви во џамиите и ги одложи сите собири од верски и културен карактер.

Претходно Српската праволслвна црвква во Црна Гроа по повикот на надлежните служби ги запре протестите кои двапат седмично собираа повеќе десетици илјади луѓе во сите црногорски градови.

Во Црна Гора досега, според податоците на Институтот за јавно здравје, на коронавирус се тестирани 88 лица и сите резултати биле негативни. Под здравствен надзор се 783 лица.