Црногорската влада на Твитер објави снимка од мостот Морачица и изградбата на автопатот Бар-Бољаре од воздух. Најспектакуларен е поглед на мостот Морачица со пет столба, кој ќе биде најголемиот мост во поранешна Југославија.
Мостот е еден од најсложените објекти на трасата на автопатот. Ќе биде долг еден километар и ќе ја спои долината на реката Морача и ќе премине на спротивниот рид. Ќе го носат пет столба, од кои најголемиот ќе биде висок 161 метар.
Должината на мостот ќе изнесува 960 метри, а вкупната широчина е 23,40 метри.
Овој грандиозен проект во Црна Гора го гради кинеската државна компанија ЦРБЦ (China Road and Bridge Company), која е задолжена за уште еден огромен проект на просторот на поранешна Југославија, најголемиот хрватски инфраструктурен проект- изградба на мостот на Пељешац.