Црногорска општина на границата со Албанија жариште на епидемија

Една од најмалите во Црна Гора, општината Тузи на самата граница со Албанија се најде во вторникот во центарот на епидемијата од коронавирусот, откако Институтот за јавно здравје во Подгорица потврдил 15 сличаи на зараза во општината со околу 15.000 жители, главно Албанци и Бошњаци.

„Од 34 примероци испитани денеска, 18 примероци биле позитивни од кои 15 се од Тузи. Ситуацијата е многу опасна. Станува збор за многу инфективен вирус кој многу лесно се шири и може да зарази голем број луѓе“, соопшти директорот на Институтот, Бобан Мугоша.

„Тузи имаат 15.000 жители, ако вирусот би се проширил на само 40 отсто од населението, што прави 6.000 жители, од тие 6.000 би заболеле 1.200. Од оваа бројка 300 би завршиле на респоратори и најмалку 150 би починале“, појасни Мугоша.

Најави дека во среда ќе се истражува раширеноста на епидемијата во Тузи, и апелираше населението да не излегува од домовите, а дека „оние кои имаат какви и да се симптоми како настинка да се изедвојат во посебни соби“,

Вицепремиерот Милутин Симовиќ, кој го предводи Националното координативно тело за заразни болести, изјави дека вечерва започна „борабата за Тузи и за цела Црна Гора“. Полицијата ноќва го контролира влезот во општината.

„Граѓаните на Тузи и ширум Црна Гора секогаш биле мудри и кадри, да истрпат и да преживеат, а особено кога станувало тешко и кога било најтешко. Ова е битка којашто ноќва ја почнуваме. Мораме да победиме за доброто на граѓаните на Тузи и за доброто на сите граѓани на Црна Гора“, порача Симовиќ.

Мнозински албанската општина Тузи е најмладата општина во Црна Гора. Овој статус го доби кон крајот на 2018 година, а до тогаш беше дел од главниот град Подгорица.

Апелирајќи на своите сожители и соранродници, претседателот на општината Ник Џељошај повика дека „од денес со бесата сите престојуваат во своите домови и изолацијата“.