Црногорски војници, како дел од НАТО, ќе се подготвуваат во Македонија за напад на Русија преку Бугарија

Засилен пешадиски вод на црногорската војска, кој нема да брои повеќе од 40 војници, ќе биде испратен во Бугарија во состав на силите на НАТО, соопштил началникот на Генералштабот на армијата на Црна Гора, бригадниот генерал Зоран Лазаревиќ, објави РТЦГ, пренесува НетПрес.

Планирано е црногорските војници до крајот на јануари да влезат во составот на борбените труи на НАТО во источна Европа, според претходно донесена одлука на црногорскиот парламент.

Генералот Лазаревиќ информирал дека станува збор за „многу опасна задача“, бидејќи постои можност тие трупи да бидат употребени во потенцијален конфликт на НАТО со Русија.

„За извршување на задачата потребен ни е полигон. Ние ќе одиме со оклопни возила. Имаме одговорност кон Алијасната да испратиме целосно подготвени војници и затоа ни е потребен полигон. За овој прв контингент ќе се користи полигон во некоја од земјите во соседството. Мислам дека тоа ќе биде во Македонија, рекол Лазаревиќ и дополнил дека „државното раководство нема да дозволи црногорските војници да одат неподготвени на задача“.

Генералот изјавил и дека се бара простор за друг воен полигон, во Црна Гора, кадеби се извршувале воени вежби.

„Членстовто во НАТО е спас за Црна Гора, но тоа исто така подразбира и одредени обврски. Една од тие обврси се и воените вежби, на кои се синхронизираат активности на различни армии“, рекол Лазаревиќ.

Тој информирал дека моментно во Црна Гора се стационирани припадници на кралскиот марински корпус на Велика Британија.

„Тоа е голема чест за нашата армија. Сметам дека воената вежба закажана за мај в година, а на која ќе учествуваат околу 500 војници од земјите членки на НАТО, ќе биде реализирана на нов воен полигон во Цна Гора“, рекол началникот на Генерелаштабот на црногорската армија.