Црногорскиот опозициски ги договори основите за нова влада

Лидерите на трите коалиции во Црна Гора, кои заедно го сочинуваат мнозинството од идниот црногорски парламент, се согласија за принципите врз кои ќе се потпира новата влада, што е важен чекор за решавање на првиот постизборен предизвик.

„Можам да потврдам дека имаше состанок на лидерите на трите опозициски листи со кои се постигна мнозинство на парламентарните избори и оти се постигнати четирите основни принципи, но деталите ќе бидат разгледани“, изјави за РТС, Невенка Чировиќ, од коалицијата „Мирот е наша нација“.

Синоќа голем број граѓани се собраа во Подгоричката катедрала на Христовиот спас и околу неа, за да го прослават изборниот резултат на опозицијата. Собири имаше и во други градови и имаше спорадични судири со приврзаниците на ДПС.

Договорите продолжуваат, а крајниот рок за формирање новата црногорска влада е 90 дена.