И црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ е меѓу шефовите на држави и влади, милијардерите, но и светските музички ѕвезди, кои криеле милиони средства на тајни офшор сметки во даночните раеви.
Мило и Блажо Ѓукановиќ во 2012 година склучиле тајни договори за управување со нивниот имот криејќи се зад комплицирана мрежа на поврзнаи компании од Велика Британија, Швајцарија, Британски Девствени Острови, Панама и Гибралтар, објавено е на сајтот Мрежа за афирмација на невладиниот сектор- МАНС.
Синот на претседателот на Црна Гора ја искористи таа структура за да формира и две скриени компании со компании ќерки во Лондон и Црна Гора.
Инаку, истрагата објавена од Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари (ICIJ) за таканаречените „Пандора документи“, во која учествувале околу 600 новинари од десетици светски медиуми, се темели на протекување на околу 11,9 милиони документи од 14 компании за финансиски услуги ширум светот.
Милионите документи доставени до новинарите откриваат како светските лидери, милијардери и познати личности ги користат даночните раеви.
Меѓу големите риби чии финансиски конструкции се откриени се поранешниот британски премиер Тони Блер, кралот на Јордан и кенискиот претседател Ухуру Кенијата, чешкиот премиер Андреј Бабиш, украинскиот претседател Володомир Зеленски, мароканската принцеза Лалја Хасан….