Црвена ѕвезда останува првак на СФРЈ од 1946 година

Управниот суд во Белград ја одби жалбата на Партизан во врска со шампионската титула на Црвена ѕвезда од 1946 година.

Истовремено се одбива и барањето на тужениот орган, Собранието на Фудбалскиот сојуз на Србија, за надомест на трошоците на надлежниот суд.

„Црно-белите“ во март минатата 2019 годин поднесоа иницијатива до Собранието на Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС), како највисок орган, да им ја признае титулата. Правната комисија при ФСС го прифати барањето по што следуваше тужба од Партизан пред надлежен суд.

Покрај ваквата одлука, покрај Партизан, е, исто така, и Спартак од чиј табор сметаат дека титулата од 1946 година подеднакво им припаѓа и нив како тогашни прваци на Војводина.

На тој начин, екипата од Суботица се стекна со право за настап во Првата сојузна лига за сезоната 1946/47, идентично како и Црвена Ѕвезда која таа година беше најдобра во Србија. Врз основа на тоа, „црвено-белите“ поднесоа барање за признавање на титулата што им беше прифатено.

Фудбалскиот сојуз на Хрватска на идентичен начин му додели уште еден трофеј на Хајдук, бидејќи сплитските „били“ во 1946 година беа најдобри во републичката лига.