Црвенковска додаде дека во континуитет се опструираа и намерно се одолговлекуваа внатрешните процеси во Советот кои, вели, се од клучно значење за успешно завршени задачи и за функционирањето на судството, наведува таа во оставката.
Како што наведува Црвенковска, станало жално што, како што вели, „наместо да се посветиме заеднички на активностите и реформите и да ја унапредиме состојбата во судството, некому стана поважно како да ме нападне и како да им наштети на проектите”.
„Последен пример со лажно брифирање на новинарите беше околу тоа дека е моја незаконската одлука за избор на член во Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители, иако јас ниту го предложив, ниту го гласав членот на Судскиот совет, Зоран Герасимоски. Се надевам дека идниот претседател ќе биде подобен за оваа судско – бизнис елита. Благодарна сум на оние колеги кои покажуваа почит и ме подржуваа во намерите нешто да промениме, но сепак Советот како колективно тело одлучува по која патека ќе се движи судството“, наведува Црвенковска во оставката.