(ВИДЕО) Црвенковски: Бугарија со вето сака да го оствари она што не можеше да го постигне со оружје во Втората светска војна

Поранешниот претседател Бранко Црвенковски на форумот за Западен Балкан во Сараево изјавил дека она што не можела Бугарија да го постигне со оружје, сега се обидува да го постигне со вето во ЕУ. Тој смета дека барањата на Грција, Франција и Бугарија немаат врска со критериумите што ги пропиша Унијата.

Но Црвенковски му одговори и на поранешниот бугарски претседател Росен Плевнелиев кој ги кажа познатите бугарски позиции дека Макаедојија е млада држава и македонскиот јазик не постоел, туку бил создаден од Тито.