5.8 C
Skopje
недела, декември 15, 2024

Цуцуловски: А за што беа тие „Ushtaret e Shkupit“, односно „Војници на Скопје“

НАВИСТИНА, ШТО СЕ СЛУЧИ? Се случи тоа што се случи на 22 ноември (оваа година) во објектот на МНТ.

Меѓутоа, изненадува задоцнетата информација за овој настан, како што и изненадуваат бизарните реакции на оваа демонстрација на сила. Министерот за образование и наука на Република Македонија не гледа ништо спорно во практикувањето на омразата, манифестирано во демолирањето на објектот на МНТ. За него битно било дека немало говар на омраза, необјаснувајќи (со ниту еден збор) што значеше паролата, испишана на огромно платно, „Ushtaret e Shkupit“, односно „Војници на Скопје.“ Можеше, барем, да објасни што значи или да си го постави прашањето за какви војници на Скопје станува збор. Меѓутоа, тоа го премолча.

Од друга страна, Артан Груби потсети дека објектот на МНТ не е ничија партиска сопственост (што е точно) и дека, според тоа, никој нема екслузивно право над него, што е, исто така, точно. Меѓутоа, дали тоа значи дека ако некој објект е сопственост на сите граѓани во него може секој, како ќе посака, да се однесува, вклучувајќи и негово демолирање? Груби, исто така, постети на насилието во Републичкото Собрание од 27.04.2017 година, некажувајќи на кое насилие мисли: (а) она на кое власта беше незаконски преземена или (б) она кое потоа следеше и кое беше рефлекс на првото.

Во меѓувреме, опозицијата, вклучувајќи ги и сите помали политички партии, млако реагираат, наместо одлучно, без каков било пардон, да побараат одговорност за сите што се, на еден или друг начин, вовлечени во настанот од 22.11.2017 год. Зарем толку не разбираат дека молчењето/млакоста, здружени со непочитувањето на законите, никаде не водат, освен кон уште поголема дезинтеграција на општеството и Државата по сите можни линии? И кому, конечно, тоа одговара?

Љубомир Цуцуловски