Професорот Љубомир Цуцуловски реагираше на, како што вели тој, обидот да се одбрани насилството на Арбер Адеми, кој со филџани маваше по пратениците од опозицијата.
Цуцуловски бара истиот третман како за Адеми да се примени и за осудените за 27 април.
– ЛИЦЕМЕРИЕ. Се „трудат“ на јавноста да ѝ објаснат дека виновен не бил испровоцираниот, кој во гнев го кршеше собранискиот инвентар и фрлаше тврди предмети по пратениците, удиријаќи ги и по рацете, туку виновни биле тие што го испровоцирале. Ако е така, тогаш веднаш, без одлагање, истиот принцип нека го применат и врз оние кои робијаат по македонските затвори, заради нивната реакција на настаните од 27 април 2017 година, бидејќи и тие, исто така, биле испровоцирани. Никој не може да биде чесен, ниту праведен, ако не е доследен на принципите и објаснувањата на кои се повикува. Сѐ друго е само неподносливо лицемерие, напиша Цуцуловски на Фејсбук.
ЛИНК од објавата.